Неизвесна листата на борачи на Државното првенство во Радовиш

Dejan Mitrov OI Istanbul 2016

Утре во Радовиш ќе се одржи Државното сениорско првенство во борење во слободен стил.

Се уште не е извесно кои се борачи ќе настапат на Државното првенство, затоа што Балакнец со четворица натпреварувачи отпатува на турнир во Братислава, еден дел од сениорите на Бучим се во Германија и не е познато дали ќе се вратат, а не се знае дали натурализираните Македонци Халил Зубаиров, Владимир Егоров, Могамедгаџи Нуров, Ланазан Аскербиев, Тимур Хамикоев ќе дојдат во Македонија. Во сите непознаници се и борачите кои настапуваат во Германија, како Даниел Филипов и Благој Трендов од Спартак, Далибор Богданов од Балканец.

Секако, клучно е дали Балканец ќе го продолжи бојкотот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија поради организацијата на Македонскиот бисер и кооптирање на членови во УО.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON