Мејведер: Мислам дека мечот со Мек Грегор ќе се случи!

Flojd i Konor

Флојд Мејведер продолжува да додава масло на огнот за евентуалниот меч со популарниот ММА борец Конор Мек Грегор. Во вчера вечер американскиот боксер даде последователно интервју, при што беше категоричен за плановите за оваа средба.

„Тоа не е гласина. Мечот може да се случи. Засега нема ништо конкретно. Но дали мислам дека овој меч ќе го има? Апсолутно“!

Мејведер откри и каков ќе биде форматот на средбата.

„Ние сме водечка земја. Средбата треба да биде според боксерските правила, бидејќи повеќето средби што ги доби Конор беа во стоење. Затоа сум убеден дека двобојот ќе биде тежок. Има доста разговори и се надевам борбата да се одржи. Се уште не сме зборувале за пари. Нема и конкретна сала. За мене знам дека ќе ја надминам сумата од 100 милиони. Тоа е мојата бројка секогаш кога излегувам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО