Навивачите на Евертон го испратија Тони Белју во пензија (ВИДЕО)

Тони Белју се опрости од боксот по поразот од Александр Усика на мечот за светски шампион во лесно-тешка категорија.

Познат како голем навивач на Евертон, 35-годишниот ливерпулски боксер беше срдечно поздравен на Гудисон парк во саботата за време на мечот со Кардиф Сити.

Белју на Гудисон Парк го направи најголемиот успех во кариерата.

Во 2016 година го нокаутира Илунг Макабу и стана светски шампион на ВБЦ во лесно-тешка категорија.

„Страст, срце, талент … И кој може да ја заборави ноќта кога видовме еден од нас како на Гудисон станува светски шампион. Честитки за неверојатната кариера“ беше објавено на социјалните мрежи на Евертон.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО