Еди Херн: Сакам Александар Усик да се сретне со големите во тешка категорија

Неспорниот шампион во лесно-тешка категорија успеа да го пензионира Тони Белју во почетокот на овој месец и испрати поглед спрема борците во тешка категорија. Усик веќе изјави дека има интерес да се бори против Ентони Џошуа, но АЏ сака прво да стане неприкосновен шампион во тешка категорија и дури тогаш да се бори со борецот од Украина. Усик потпиша со Еди Херн, а неговиот промотор е убеден дека Усик може да е меѓу оние елитни борци, кои успеваат да држат титули во двете категории. Во интервју за Скај спорт, Еди рече дека сака Усик следната година да оди на големите:

„Ако Усик зборува за имиња како Џошуа, порано или подоцна мора да оди во тешка категорија. Тој има 31 година и мислам дека е доволно добар да се бори против врвните борци во тешка категорија. Видете само какви противници има за него во тешка категорија – Џарел Милер, Дилиен Вајт, Дерек Чисора, Адам Ковнацки, Луис Ортиз. Има толку многу добри борби и тој веднаш може да се подигне во тешка. Ако се вратиме во времето на Ивандер Холифилд, тој беше гениј. Се постигнал со вештина и срце.

Усик мора да го стори истото, затоа што да ги победиш тие големи момчиња е нешто што малкумина успеват да го направат. Не се многу тие што успеваат да ги освојат титулите во тешка и полутешка категорија, но тој го сака тоа и ќе се обиде да го стори тоа. Сакам Усик да учествува во големи борби во тешка категорија следната година. Верувам дека ќе го направи, затоа што кои се останатите противници во полутешка? Гледам само двајца – Андре Ворд и Адонис Стивенсон“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО