За Вајлдер 14 милиони, Фјури планира парите да ги подели на бездомници

Дионтеј Вајлдер за осмата одбрана на титилата на ВБЦ против Тајсон Фјури би требало да заработи 14 милиони долари.

33-годишниот Американец во Лос Анџелес овој викенд се бори со три години помладиот Британец.

Фјури треба да заработи 10 милиони долари за таа борба.

Тајсон повеќе пати повторуваше дека не се занимава со боксот за пари и додаде дека целата заработка од овој меч ќе ја подели на оние на кои им е потребно.

„Ќе и ги дадам парите на сиромашните и ќе изградам домови за бездомниците. Немам некоја корист од парите, немам посебна желба да станам милионер или милијардер“.

„Јас сум боксер, а не бизнисмен, и веројатно ќе завршам како и секој друг боксер, ќе останам без пари“.

„На крајот, не можете да го понесете со себе в гроб, така што може корисно да се искористи и за да им помогнете на оние кои не можат да си помогнат сами“, рече Фјури.

Фјури има четири деца, а петото е на пат и верува дека тие треба сами да заработат, за да ја научат вредноста на парите.

„Верувам дека сите деца треба сами да зарботуваат, инаку нема да ги ценат тие пари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО