Навивачите ќе изберат кој ќе добие бонуси во УФЦ

Најголемата светска ММА организација, УФЦ, воведува нов вид бонус за своите борци. Во принцип, после секоја гала вечер Дана Вајт и друштвото даваат бонуси за изведба и за борба на вечерта. Овој бонус се плаќа во долари и вреди 50.000 долари.

Од овој викенд организацијата воведува бонус, кој ќе се вика „Фан бонус на вечерта“. Овој бонус ќе биде 60.000 долари и ќе се плаќа во биткоин како дел од спонзорскиот договор со Crypto.com.

Борецот кој ќе собере најмногу гласови и ќе го заземе првото место ќе добие 30.000 во биткоин. Вториот ќе земе 20.000 во биткоин, а борецот на последното место ќе земе 10.000 во биткоин.

Новиот бонус се очекува да остане во сила за сите УФЦ ППГ картички во иднина. Навивачите ќе можат да гласаат до три пати за време на настанот, како и 1 час потоа.

Борбена карта за овој викенд:
Главна карта
Александар Волкановски – Чан Сунг Јунг
Алџамејн Стерлинг – Петр Јан
Жилберт Барнс – Хамзат Чимаев
Мекензи Дерн – Тесија Торес
Винк Пишел- Марк Медсен

Прелиминарни:
Јан Гари – Даријан Вик
Жаирзињо Розенструик – Марцин Тибура
Аспен Лад – Ракел Пенингтон
Мики Гал – Мајк Малот

Рани прелеминарни:
Алексеј Олејник – Џаред Вандера
Ентони Хернандез – Џош Фремд
Пиера Родригез – Кеј Хансен
Хулио Арсе – Даниел Сантос

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО