Наташа Сетфановска: Медалот е позитивно признание дека сум на вистинскиот пат!

Natasa Stefanovska na piedestal vo Salzburg

Освојувачот на брозениот медал на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург, Австрија, Наташа Стефановска (-61 кг) за Ipon.mk изјави:

Medalot na Natasa

„Овој медал за мене претставува позитивно признание дека сум на вистинскиот пат, но и целиот Карате клуб Макпетрол, заедно со нашиот тренер Бошко Заборски и дека треба уште повеќе да вложувам во тренажниот процес, за да останам во оваа форма и за претстојната сезона, која навистина е предизвикувачка“.

За тоа како ги доживеала борбите и како се чувствувала во тие моменти Сетфановска вели:

„Најтешка ми беше борбата за четвртфиналето со светската и европска шампионка, Луси Игнас. За тој пораз можеби и самата придонесов со недоволната концентрација. Затоа, сите тие финеси треба да се поправат и да се тежнее кон уште поголеми успеси“.

Стефановска во долучувачката борба за бронзениот медал во репасажот ја совлада Ема Аронен од Финска со 2-0. Претходоно, во првата борба во репасажот беше подобра од Ешли Скот од Англија откако борбата заврши 4-4, судиите одлучија дека нашата каратистка била поактивна и подобра.

Таа во првото коло ја совлада Русинката Ксенија Малиута со 1-0, со истиот резултат беше совлдана и Хилал Ер од Турција, па Ноеми Корнефелд (Швајцарија) 2-0, а во четвртфиналето  загуби минимално со 1-0 од актуелната свестка шампионка, Французинката Луси Игнас.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО