ЕКСКЛУЗИВНО-Хрвое Зноар: Фајт најт чемпион 3 Велес е голем боречки настан во Македонија!

Hrvoe Znaor so priznanie

„Сега веќе со сигурност може да најавиме дека ова ќе биде еден од поголемите боречки настани во Македонија, со оглед на импресивната борбена карта која е составена од најдобрите MMA борци во Македонија, но и од звучни ММА имиња кои доаѓаат од Хрватска и регионот!

Така во саботата 24 октомври со почеток во 20.00 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес не очекуваат околу 4-5 илјади посетители, со медиумското покривање на Македонската телевизија и на локалната телевизија, а новина е тоа што борбите за прв пат ќе се одржат во кафез“, вели сопственикот на регионалната промоција Fight Night Champion League (FNCL), Хрвое Знаор во ексклузивното интервју за IPON.mk пред големиот ММА настан во сабота во Велес „Фајт најт чемпион 3, нешто што ваков калибар за прв пат се организира кај нас.

plakat celosen za MMA Veles nov

Господине Знаор Вашата организација за прв пат излегува надвор од границите на Хрватска. Што значи тоа за Вас?

-Значи, ова е прв пат нашата промоција Fight Night Champion League (FNCL) организацијата да се претстави надвор од Хрватска, и тоа токму во Македонија!

Всушност, откако највисоко ниво го нааправивме сјајниот боречки настан во Сињ кон крајот на март (Пикадили Сињ фајт најт), а потоа во Сплит кон крајот на август (Сикст фајт најт), за кои коментарите беа навистина позитивни (што ги вклучува импресивната борбена карта, продукцијата, одличната посетеност, комплетната организација квалитетот на турнирот, медиумската покриеност и се што оди со тоа). Јас сум среќен што добивме голема пофалба и вон Хрватска, а посебно кога тоа е од борци, посетителите и медиумите, тогаш нема подобра реклама од тоа.

Тука е извонреден напор и волја, па и одрекување, бидејќи тоа е многу тешко да се организира само еднаш во годината, особено ако имате такви 3 или 4 настани како што се случи кај нас во Сплит (освен споменатите турнири, горди сме што сме промотори и организатори на Куќата на славата на боречки спортови и на Светските игри на боречките спортови), така што немаше одмор во текот на годината. Затоа упатувам благодареност, пред сè на пријателот, а потоа на колега (исто така претпоставен во FNCL) Фран Жижиќ, кој помага и супер квалитетно придонесува во сето ова и она што го работиме како тим и тоа најдобро што можеме.

Hrvoe se raduva po pobeda

Fight Night Champion League (FNCL) е релативно млада организација. Кои се Вашите цели?

-За почеток, нашата цел е да се популаризира и да се промовираат младите ММА надежи, но и кикбоксерите, а не можеме да избегаме од фактот дека станавме атрактивни и за веќе познатите и искусни ММА борци од Хрватска и регионот, така што растеме во секој поглед.

Со надеваме дека од турнирот на турнир ќе растеме со квалитет и да имаме што подобар боречки спектакал на кој, пред се, ќе се докажуваат многу борци желни за успех, но и пошироката јавност да не прифати како организација која има иднина и перспектива.

Хрватската ММА сцена е најголема во регионот и по бројот на борци и по бројот на промоторски организации, но и по квалетот. Што може овој регион да му понуди на ММА светот?

-Хрватскиот ММА сцена дефинитивно стана најсилната или барем водечка во регионот, а само во Хрватска бројот на борците кои настапиле или настапуваат во разни европски, но и светски боречки организации, така што нашата цел не е да се тркаме со некого за престиж или примат, туку, едноставно, да се работиме вакви приредби во склад со можностите и, пред се, да ги промовираме на иднините на боречки шампиони. Не радува фактот фактот што имаме одлична соработка со голем број на промоции и федерации, а го глеаат самото ММА како спорт. Сигурен сум дека ММАј се уште не стигнал до крајните граници на медиумска ескпонираност, светската експанзија и се она што го носи.

Овој регион, а пособено Хрватска, отсекогаш била базен за секкави спортови и врвни спортисти, па така и за ММА; колку се подобри условите, без оглед на тоа за која земја се работи и што се посериозни условите за тренирање и квалитени боречки турнири, ќе расте и квалитетот на борците и нивниот имиџ во боречкиот свет.

Какви се Вашите сознанија за ММА борбите, за тоа како ги прифаќа публиката и каква е иднината на овој спорт?

Како што знаете, во целиот свет ова е најбрзо растечкиот боречки спорт, иако постојат некои земји кои не го признаваат како таков, но и во многу земји, меѓу кои и Хрватска, ММА сценате не е испрофилирана во поквалитетна организациска форма (сојузи и прашањето за надлежност). Но, сепак борците се ствараат, развиваат и како такви го привлкуваат вниманието на промоторите на боречки настани, публиката, медиумите …

Натпреварувањата како ММА настаните нудат адреналин и тоа е една од причините зошто сум сигурен дека публиката во Македонија и во Велес го препознава ова случување и ќе ни даде целосна поддршка и ќе дојде да ги бодри своите борци, зашто ваква приредба не може да се види секој ден.

dusan dzakic

Зошто ја одбравте Македонија и Велес?

Македонија ја избравме меѓу двете земји кои ни беа во оптек (Босна и Херцеговина и Македонија), како наш прв организациски чекор надвор од Хрватска. Сè започна по серијата разговори со ценетиот колега и пријател Раде Стефановски, кој не увери дека Македонија, односн градот Велес се подготвена технички и организациски за да бидат домаќини на овој голем настан од завидно ниво! Затоа сме убедени дека домаќинот организациски ќе направи се по договорот, како овој настан во Велес би бил на највисоко ниво во интерес на посетеноста на Македонците, однонсо во исполнетоста салата не се сомневам, бидејќи сите најдобри македонски борци ќе настапат на големиот настан. Затоа му благодариме на г-динот Стефановски за вложениот напор и неговиот личен придонес!

Што може да очекува и да види публиката во велешката сала „Гемиџии“?

-Фајт картата или списокот на борци е импресивен, пособено ме радува што ќе имаме можност да ги видиме борците од Македонија кои ветуваат и надоаѓаат, како Златко Петровски, Марјан Марков, Марјан Ангелески, Илија Андонов, како и други млади борци, но и голем број на борци од Хрватска и регионот, како Тео Радниќ, Звоне Вркиќ, Петар Црмариќ, Џевад Муфтиќ, Домагој Обрадовиќ, Кнего, Ракас, Чаврк, Хоџиќ и многу други. Сигурен сум дека борбите ќе бидат одлични, а изразит фаворит немам. Освен, што едвај чекам да ги видам на дело Петровски и Андонов, за кои слушам дека се многу добри и атрактивни борци!

Дури по оваа приредба би можеле да ги знаеме имињата на борците кои во јануари 2016 година би добил шанса да се борат за појас. Сигурен сум дека и борцитеќе дадат се од себе за да се покажат во најдобро светло и пружат врвни борби. Можам слободно да објавам дека на крајот на декември 2015 година на друг континент, ќе се одржат квалификации за големиот супер спектакл во Сплит, на почетокот на 2016 година, за што јавноста ќе биде известена на време.

Не радува доаѓањето во Македонија и ги повикуваме сите заинтересирани велешани да дојдат да ја исполнат салата и да ги поддржат своите борци. Сигурен сум дека ќе биде вистински адреналинска ММА вечер!

Dejan stefanovski pobednik vo split

Што знаете за македонската ММА сцена?

-Меѓу перспективнити имиња на македонската боречка сцена, која се уште е во развој и подем, најмногу се очекува од Илија Андонов кој ќе настапи против секогаш атрактивниот и докажан Џевад Муфтиќ од Босна и Херцеговина (одработи одличен меч на вечерта против загрепчанецот Стипе Брчиќ во Сплит на последниот НФЦ/ NFC). Во категоријата до 66 килограми Златко Петровски ќе се бори со Арнес Мујезиновиќ од БиХ во категоријата до 77 килограми. И двајцата се познати како најдобри граплинг и ММА борци во Македонија.

Имате ли Ваши фаворити на настанот во Велес?

-Не е занемарлив патот што го трасира до титулата со серија на победи Тео Рданиќ „Хантер“ од сплитски Пит Бул, кој, покрај другиот питбуловец Матијас Бариќ, би можел да биде претендент скорешна борба за појасот во категоријата до 93 килограми. А подеднакво уверлив со победи во низа беше и Дамир Кнего од „Гладијатор“ од  Дубровник во категоријата над 93 килограми, кој се наметнува како лидер на оваа супертешка категорија.

Во категоријата до 66 кг се уште неколку млади и неафирмирани ММА борци, меѓу кои се издвојува сплиќанецот Петар Црмариќ, фактички овие борби ќе ги дадат вистинските кандидати, односно потенцијалните владетели на оваа категорија. Вредно е да се спомене дека својот пат кон победта ќе го побара и перспективниот член на Кро Кап тимот од Загреб, Александар Ракас (до 77 кг), кој упорно и систематски  се подготвува за нови предизвици во рингот / кафезот, како и метковачанинот Едо Чаврк во категоријата до 84 килограми.

Hrvoe znaor seizan

Што е следното од Вашата промоција?

-Следниот боречки настан од серијата турнири е закажан за крајот на декември оваа година, но надвор од Европа, каде што ќе се одржат на квалификации за големиот Гранд при турнир закажана за крајот на јануари во големата сала на СЦ „Грипе“.

Интерес за NFCL на младите и атрактивни ММА борци од Хрватска и овој дел на Европа се зголемува, што е гаранција дека следниот настан ќе биде уште поквалитетен и со посилни имиња, иако не треба да ги игнорираме успехот и одличните критики на досегашната серија на турнири што се одржа во Хрватска (Сињ и Сплит).

Секако интересен и многу амбициозен концепт на NFCL, кој досега понуди голем број на атрактивни борби, специјални гости, како големиот Ернесто Хуст, исполнети сали до последното место, голем интерес на медиумите и над се, позитивни критики на борците.

ipon.mk/В. Донев

Македонија Фајт најт чемпион 3

Прелиминарни борби:

  1. Недрин Фејзовиќ (БиХ) – Филип Стефановски (МКД), -68 кг
  2. Ален Капиќ (СЛО) – Иван Милошев (МКД), -72 кг
  3. Гретел Вркиќ (ХРВ) – Марјан Марков (МКД), -70 кг

       Главни борби:

  1. Едо Чаврк (ХРВ) – Тоше Цветков (MКД) -84 кг
  2. Александар Затковски (МКД) – Анто Палавра (БиХ), -66 кг
  3. Дејан Стефановски (МКД) – Јасмин Вркшиќ (БиХ) -84 кг
  4. Александар Ракас (ХРВ) – Слаѓан Драгишиќ (СРБ) -77 кг
  5. Милош Дујчиновиќ (СРБ) – Тео Радниќ (ХРВ) -93 кг
  6. Ермин Хоџиќ (БиХ) – Иван Гарчевиќ (ЦГ) -84 кг
  7. Марјан Ангелески (МКД) – Иван Вичиќ (СРБ) + 93kg
  8. Дамир Кнего (ХРВ) – Милан Врбиќ (СРБ) 93 кг
  9. Христијан Граорски (МКД) – Петар Црмариќ (ХРВ) -66 кг
  10. Домагој Обрадовиќ (ХРВ) – Ненад Падори (СРБ) 93 кг
  11. Дејан Трајковски (МКД) – Веда Исламовиќ (БиХ) -77 кг
  12. 15. Илија Андонов (МКД) – Џевад Муфтиќ (БиХ) -66 кг
  13. Златко Петровски (МКД) – Арнес Мујезиновиќ (БиХ) -77 кг
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО