Наследтсвото на Бадр Хари – прва епизода (ВИДЕО)

Најголемата кик бокс организација во светот (Глори) и Спајк Недерланд одлучија да му посветат краток филм на Бадр Хари. Големата легенда на кикбоксот се враќа на почетокот на септември. Тој ќе го предводи Глори 78, што ќе се одржи во Ротердам.

Негов противник ќе биде млад и гладен борец во лицето на Аркадиуш Вжосек. Хари е ставен на ѕид и победата е задолжителна. Тој е во серија од три последователни порази и нема победи веќе 6 години.

Бадр последен пат загуби од Бенџамин Адегбуј на крајот на 2020 година. Сега Бадр направи многу промени и има нов тренер. Се подготвува под раководство на Сајд Бадави и двајцата ја истакнуваат тактиката што недостасуваше во последните битки.

Хари рече дека се чувствува многу осамено бидејќи немаше обожаватели во борбата со Адегбуј. Сепак, сега тоа нема да биде така и ќе може да дише со својата армија навивачи, која ќе биде на трибините.

Хари верува дека ја подобрил борбата и ќе може да победи.

Ова е првата епизода од наследството на Бадр Хари:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО