Хабиб: Судијата го спаси Конор, ќе го убиев!

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов е убеден дека судијата во октагонот го спасил Конор Мек Грегор од сигурна смрт. „Орелот“ го совлада „Озлогласениот“ со задушувачки стисок во октомври 2018 година. Дуелот беше крајно емотивен, а по неговиот крај настана метеж, и внатре и надвор од кафезот.

Според Хабиб, вратот на Ирецот дури и пукнал и само интервенцијата на Херб Дин спречила посериозни последици за Конор.

„Сите видовте што се случи. Отстранете го Херб Дин од сликата и ќе видите дека всушност би можел да го убијам. И веројатно би го направил. Навистина може да се умре од таков стисок“, коментираше Нурмагомедов.

Тој и Мек Грегор се во стара војна, која продолжува и денес, со разменети забелешки на социјалните мрежи. Ова го доведе Дагестанецот да се наврати на спорната битка.

„Лесно може да се умре од овој стисок. Ако ми дозволат да те зграбам зад сцената, ќе почувствуваш за што се работи. Кога некој го прави ова 30 години, станува како ладно оружје. Ако немаше судија, што ќе се случи? Дин ми ги тргна рацете од него, инаку можеби сега не би зборувале така“, додаде Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО