Насладувајте се на прекрасното промо на УФЦ, а еден од актерите е и Македонецот Волкановски (ВИДЕО)

Кој е на чело на дизајнерскиот тим на УФЦ – заслужува нагрдада. Организацијата објави видео за агревање на многу очекуваниот настан УФЦ 245 на 14 декември во Лас Вегас.

Во него шампионот во средна категорија Камару Усман ќе ја брани титулата против Колби Ковингтон во главната борба на вечерта. И шампионот во перо категорија Макс Холовеј ќе го брани појасот против нашиот Александар Волкановски.

И за биде лудилото целосно, ќе има трет шампионски меч – Аманда Нунес ќе ја брани титулата во петел категорија против Жермин де Рандамие, над која веќе има победа, пред 6 години.

Волкановски е првиот Македонец кој ќе се бори за шампионска титула на УФЦ. Битолчанецот кој живее во Австралија за прв пат ќе се бори за титулата.

https://www.youtube.com/watch?v=BxbMW-wywps&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО