Наркодилер се претставувал како Конор Мек Грегор (ФОТО)

Наркодилер отишол во затвор две години и девет месеци откако властите го фатиле како прави прекршок. Марк Нај, 34-годишен Британец, во февруари бил запрен од полицијата во Стејнс, Велика Британија. Нај уживал во дрога, возел без дозвола и бил без платено осигурување.

Тој се обидел да ја фрли дрогата и два мобилни телефони, но не успеал. Марк се обидел да ја доведе во заблуда полицијата велејќи дека се вика Конор. Ималстотици визит-картички на кои пишувало „Мек Грегор Ентерпрајз“.

Полицијата го проверила неговиот телефон и открила стотици пријави за зделки со дрога. Очигледно, Марк Нај се соживеал во улогата на Конор Мек Грегор и видел дека од тоа може да печали. Тој навистина има сличност со идната легенда на УФЦ, но пред полицијата тоа не му помогнало.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО