Џон Џонс го обвини Дана Вајт дека лаже

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија Џон Џонс ги демантираше зборовите на претседателот Дана Вајт дека сака загарантирани 30 милиони долари за борба против Френсис Нгану.

„Никогаш не сум разговарал за желбата од 30 милиони долари со тебе или Хантер Кембел. Само се прашувам каде ги слушнавте тие цифри? Некој зборува во мое име или …“, напиша Џонс на Твитер, повикувајќи се на шефот на организацијата.

Ден претходно, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, објави дека актуелниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану, ќе се бори против Дерик Луис затоа што Џон Џонс сакал гарантирани 30 милиони долари за борба против „Предаторот“, спротивно на принципите на деловното работење во една организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО