Најдоброто од Македонија повторно во акција – Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ одат во Софија по олимписка норма

Во сабота ќе се пишува нова историја на македонскиот спорт, таеквондистите Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ настапуваат квалификацискиот турнир во Софија за Олимписките игри во Париз ова лето.

Нашите репрезентативци се во врвот на светското олимписко таеквондо и атакуваат на олимписки норми, нешто што одамна не се случило во македонскиот спорт.

Да потсетиме, Дејан Георгиевски е носител на сребрен медал од Олимписките игри во Токио 2021 година, кој по 21 година донесе медал за Македонија. Од друга страна, тој избори олимписка норма и покажа дека и нашите спортисти можат да се носат со светската конкуренција.

Мила Рељиќ е млада натпреварувачка која трпеливо го гради патот до светскиот врв. На ЕП за сениори беше петта, како и на Европските игри, а на ЕП во У-21 во Букурешт освои бронзен медал и многу одличја од Г-1 турнирите.

Како се подготвени и за очекувањата од настапот на квалификациите за ОИ разговаравме со селекторот Борче Костовски.

„Од 15 декември, од Манчестер сме во постојани подготовки. Базичните ги одржавме во Крушево, додека техничко-тактичките во Скопје во салата на ТК Бутел. Сакам да истакнам дека оваа година одиме со двајца спортисти кои се потентни за олимписка норма, нешто што ретко се случува во македонскиот спорт.

Но, навистина во каква форма се, тоа ќе го видиме на 9 март кога ќе излезат на татамито во Софија“, вели селекторот Костовски и додава:

„Подобро и не може подготвени за настанот“.

Костовски вели:

„Четири месеци живееме за овој турнир. Уште од Олимпијадата во Токио го снуваме овој турнир, толку многу ни занчи. По Токио веднаш почнавме со подготовки“.

Георгиевски втор носител и да поминеме три кола за да стигне до норма. Исто така и на Рељиќ и требаат три победи.

„Најдобриот спортист во Македонија повторно оди во акција“, нагласува Костовски.

Натпреварите почнуваат во 16 часот. Можни противници на Дејан се Белорусин, Словенец или Полјак, а на Мила Унгарка, Хрватка или Грњинка, но по жребот ќе се знае точно со кого ќе се борат.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО