Аманда Нунеш и Џулијана Пења ја наелектризираа публиката со емотивната размена на реплики, десет дена пред реваншот меѓу двете светски шампионки. Лавицата ќе се соочи со Лисицата на 30 јули во Далас, каде што ќе се обиде да го врати женскиот трон во петел категорија. Тие имаа одличен меч минатиот декември кога Венецуелката ја шокираше Пења со одземањето на појасот. Бразилката остана шампион, но сега само во перо категорија.
Тие ќе го предводат настанот УФЦ 277, а како дел од неговата промоција се соочија. И дефинитивно имаа што да си кажат.
„Уживај. Појасот е мој. Ќе си го земам“, ја започна размената Нунеш, на што доби одговор: „Ќе видиме, така кажа и минатиот пат“.
Се чини дека ова не и одговараше на Лавицата, која продолжи да зборува зад грбот на новата шампионка додека го напушташе кафезот.
„Се гледаме наскоро Џули. Знаеш дека овој појас е мој и јас ќе го земам. Не сакаш повеќе да зборуваме? Немаш ли што да кажеш?“, беа иронични инсинуациите на Нунеш. Меѓутоа, Пења немаше намера да навлегува во долг разговор и заврши со зборовите: „Таа е како мало кутре што лае. Само лае, ништо повеќе. Реков доволно минатиот пат во кафезот“.
Тие ја загреаја публиката со промотивното видео. Работите се обликуваат за да станат уште „пожешки“ следната недела кога имаат прес-конференција, како и мерење.
Things are getting spicy! 🌶🌶🌶@VenezuelanVixen and @Amanda_Leoa went face to face on the #TUF30 finale!
📺📱 The #TUF30 finale is live tonight on ESPN! Pena and Nunes run it back for the title at #UFC277 🏆 pic.twitter.com/idsuEAJewN
— UFC_AUSNZ (@UFC_AUSNZ) July 20, 2022