На Тајсон Фјури му ја зедоа ИБФ титулата

Fjuri so pojasi vika

Светскиот шампион во бокс, Тајсон Фjури, ја загуби титулата на IBF за помалку од две недели откако ја освои, објави БиБиСи.

 Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) го лиши Британецот од шампионскиот појас, бидејќи одби да се бори против задолжителниот предизвикувач Вјачеслав Гласков. Наместо со него Фјури потпиша договор за реванш меч со поранешниот шампион Владимир Кличко.

 Пред 10 дена Фјури го победи Кличко на поени во 12 рунди во Дизелдорф и ја освои светската круна во три верзии.

Фјури кој не е поразен на 25 меча, ќе ги задржи титулите во верзии WBA и WBO, додека појасот на WBC го држи Американецот Дионтеј Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО