На Петар Спасеновски и Вероника Костовска и фалеше малку среќа за да освојат медал во Салзбург

169

На Петар Спасеновски и Вероника Костовска и недостасуваше среќа за да освојат медал на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург, Австрија.

Спасеновски доби две борби, а во четвртфиналето загуби од турскиот претставник Угур Акташ 0-4, а во репсажот извојува една победа и во борбата која го носеше во меч за бронзата беше поразен од Казахстанецот – Данијар Јулдашев (Казахстан) 0-5. Спасеновски е седмопласиран во вкупниот пласман на Премиер лигата во Салзбург. Тој прикажа одлични борби во овие две кола на Светската карате лига и штета е што нема да настапува во поединечна конкуренција на Европското првенство во Баку, Азербејџан, во март.

Вероника Костовска на средбата за влез во полуфиналето загуби со судиско изјаснување од Турчинката Мерве Чобан, а во репасажот пак изгуби минимално 1-2 од Алана Кочиева (Русија), така беше спречена да се бори за бронзата. Таа е седма во оваа категорија.

Фахик Весели синоќа загуби во репасажот од Калвис Калнин (Латвија) со 2-5, па така на крајот го освои деветото место.

Утре Емил Павлов се бори за златниот медал против Анџело Кресченцо од Италија.

Резултати
-61 кг
Вероника Костовска – Луси Ветитхова (Чешка) 2-0
Вероника Костовска – Леила Хеурталут (Франција) 4-2
Вероника Костовска – Мерве Чобан (Турција)0-0
Репасаж
Вероника Костовска – Алана Кочиева (Русија) 1-2

-68 кг
Ангела Мојсовска – Хелен Родригез (Барзил) 8-1
Ангела Мојсовска – Маделајне Шроетер (Германија)  5-6

-84 кг
Глигор Петков – Алехандро Молина (Шпанија) 1-3
Берат Јакупи – Урош Милјаковиќ (Србија) 0-0
Виктор Крстевски – Ајхан Мамајев (Азербејџан) 1-10

Петар Спасеновски – Вилијам Дијантете (Белгија) 4-0
Петар Спасеновски – Рафаел Ибанез (Шпанија) 3-2
Петар Спасеновски – Угур Акташ (Турција) 0-4
Репасаж
Петар Спасеновски – Андреј Торошанко (Украина) 5-2
Петар Спасеновски – Данијар Јулдашев (Казахстан) 0-5

60 кг
Емил Павлов – Фахед Ахмад (Јордан) 3-2
Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 1-0
Емил Павлов – Јеркинбек Баитурејев (Казахстан) 4-0
Плуфинале
Емил Павлов – Дархан Асадилов (Казахстан) 2-1
Финале 
Емил Павлов – Анџело Кресченцо (Италија)

Фахик Весели – Алехандро Ортиз (Шпанија) 2-1
Фахик Весели –Абудах Шабан (Кувајт) 1-1
Фахик Весели – Анџело Кресченцо (Италија) 1-4
Репасаж
Фахик Весели – Калвис Калнин (Латвија) 2-5

Столе Смилковски – Наото Саго (Јапонија) 1-2