На Мек Грегор му го одбија барањето за боксерска лиценца во Невада

konor-boksira

Конор Мек Грегор доби боксерска лиценца во американската држава Калифорнија, но неговото барање во Невада му е одбиено.

Извршниот директор на Комисијата за спорт на Невада, Боб Бенет, ги објасни причините за неиздавање на дозволата. Ирецот не ја платил парична казна од 75.000 долари за фрлање на шишето на прес-конференцијата за борбата со Нејт Дијаз. Исто така, на Комисијата треба да и достави спот против злоставување со буџет од 75.000 долари. Мек Грегор поднесе жалба и случајот се води во суд.

Дури и да ги реши овие проблеми Мек Грегор, Бенет вели дека тој ќе мора да гледа спаринг меч на Мек Грегор, било во живо или било на лента, пред донесување на одлуката дали е квалификуван да добие лиценца.

„Г-дин Мек Грегор е неверојатно талентиран борец и спортист. Очигледно знае што прави како борец и имам голема почит спрема неговите способности. Но, ова е поинаков спорт“.

Не е познато зошто Ирецот се одлучи да бара лиценца за бокс, бидејќи е под таков договор со УФЦ што американската организација со сигурност нема да му дозволи да настапи на боксерски мечеви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО