На Марио Свинарски два пати му беше на дофат медалот на ЕП во Русија

Марио Свинарски (-57 кг) денеска меѓу кадетите имаше најдобар настап на Европското првенство во Сочи, Русија, затоа што имаше двојна шанса за медал, односно стигна до полуфиналето во кое беше поразен, исто како и во борбата за бронзениот медал.

Свинарски забележа три убедливи победи, а во борбата за влез во финалето српскиот репрезентативец со македонско потекло Дарко Спасковски беше подобар од нашиот каратист и славеше со 1-6.

Според достапните податоци, не е познато дали Марио со кој резултат ја заврши борбата за бронзата. Неофицијално е 2-3. Веруваме дека од таборот на нашата репрезентација ќе објаснат за што станува збор. Сепак, Свинарски го освои петото место на ЕП во Сочи.

Другите наши каратисти имаа најмногу по една победа, со тоа што Александар Неделковски во претпладневниот дел на ЕП имаше одличен настап во кати, а во клучната борба за да се бори з медал, според изветсувањата од Сочи е оштетен од судиите.

Утре на програмата се настапите на јуниорите.

Резултати
Кати – кадети
Владанка Аврамова – Аинара Тенорио (Шпанија) 2-3
Александар Неделковски – Мариус Верц (Германија) 4-1
Александар Неделковски – Енес Оздемир (Турција) 2-3
Александар Неделковски – Октавијан Гарстеа (Молдавија) 5-0
Александар Неделковски – Педро Карваљо (Португалија) 2-3

У-21 Ферри Исиќ – Ѓузепе Панагија (Италија) 1-4
Фери Исиќ – Роман Хејдаров (Азербејџан) 1-4 – репасаж

Борби – кадети
-54 кг Марија Милева – Мишлин Несири (Израел) 5-0
Марија Милева – Ајла О’Саливен (Ирска) 2-8

+54 кг Магдалена Божиновска – Бјанка Гуна Андреа (Романија) 0-0
Магдалена Божиновска – Софија Бенко (Унгарија) 0-2

-57 кг Марио Свинарски – Хамес Бојд (Шпанија) 2-1
Марио Свинарски – Насим Абделмалки (Белгија) 7-0
Марио Свинарски – Томаж Худалес (Словенија) 6-1
Марио Свинарски – Дарко Спасковски (Србија) 1-6 – полуфинале
Марио Свинарски – Тијаго Переира (Португалија) – за бронза во репасаж (победа на Переира)

-63 кг Христијан Стојановски – Никоилас Цела Арис (Словачка) 2-0
Христијан Стојановски – Едик Хајикјан (Ерменија) 0-5

+70кг Бобан Џамѓозов – Муниб Дедовиќ (Босна и Херцеговина) 0-2

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО