Кирил Манев од Ipon.mk со најмногу текстови за Штип и штипјани во 2017 година (ФОТО)

Денеска во Националната установа- Универзитетска библиотека Гоце Делчев беше промовирана публикацијата, однонсо библиографијата посветена на „Штип и штипјани во дневните весници и списанија во 2017 година“, при што за признание за најплоден автор во 2017 година, кој напишал најмногу текстови за Штип и штипјани, доби соработникот на Ipon.mk, Кирил Манев, како и на дневниот весник Македонски спорт и уредник на ФБ страницата „Штипски асови.

Очигледно, написите за спортот на Кирил Манев, а кои во Ipon.mk се доста застепени, доминирале и пред сите друи теми за животот во Штип.

„Ова е уште една потрвда дека спортот е огледало на еден град“, вели Манев. А ние ќе додадеме дека признанието на Манев е најдобра потврда за тоа.

Публикацијата ја подготвија Жаклина Петрушева и Ирена Јорданова. На промоцијата зборуваа директорката на библиотеката Милена Ристова-Михајлова, авторката Жаклина Петрушева , писателот Трајче Кацаров, проректорот на Државниот унјиверзитет, Кирил Барбареев ,претседателот на Комисијата за култура во Советот на општината, Иван Бојаџиски и јас. Единствена беше оценката и пораката до политичарите- да дадат поддршка за излегување на весниците и списанијата, бидејќи пишаниот збор останува за навек . За жал, има се помалку весници, а на Исатокот излегува само „Штипски Глас“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО