Александар Неделковски со судиско прегласување оневозможен да се бори за бронзата на Европското првенство

Алексанадар Неделковски беше на чекор да се вклучи во борбата за бронзениот медал на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Сочи, Русија. Во клучниот меч со Португалецот Карваљо загуби со судиско прегласување од 2-3. Карваљо го совлада Англичанецот Џејмс Харисон со 5-0.

Инаку Неделковски во првото коло забележа победа  против Мариус Верц од Германија со 4-1, а во второто загуби од финалситот Енес Оздемир од Турција 2-3, додека во репасажот славеше со убедливи 5-0 против Октавијан Гарстеа од Молдавија.

Александар Неделковски во конечниот пласман е седми.

Во кати настапи и Владанка Аврамова која беше поразена од Аинара Тенорио од Шпанија со тесен резултат од 2-3.

Кај помладите сениори (У-21) Ферри Исиќ забележа два порази, и во првото коло и во репасажот, а во конечниот пласман е девети.

Во тек се натпреварите во борби во кадетска конкуренција.

Резултати
Кати – кадети
Владанка Аврамова – Аинара Тенорио (Шпанија) 2-3

Александар Неделковски – Мариус Верц (Германија) 4-1
Александар Неделковски – Енес Оздемир (Турција) 2-3
Александар Неделковски – Октавијан Гарстеа (Молдавија) 5-0
Александар Неделковски – Педро Карваљо (Португалија) 2-3

У-21
Ферри Исиќ – Ѓузепе Панагија (Италија) 1-4
Фери Исиќ – Роман Хејдаров (Азербејџан) 1-4 – репасаж

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО