На „Купот на шампионите“ опозицијата поуспешна од позицијата во КФМ

Викендов во Подгорица, Црна Гора, се одржа Меѓународниот карате турнир „Куп на шампионите“ на кој настапија многу добри каратисти од регионот кои нешто значат во светот на каратето и се можни противници на нашите каратисти на Премиер лигите, европско и светско првенство. Така, ова е добра проверка на можностите пред настаните што следат и е успех на сите каратисти од Македонија што освоија медали, вкупно 43.

Интересно е што на овој турнир, по сето она што се случува во македонското карате, однонсо барањето за одржување на вонредно Собрание за избор на нов претседател и ново раководство, настапија клубови и од оние што бараат промени и оние што се од актуелното раководство.

Поради овие определби на двете страни во Карате федерацијата на Македонија, направивме табеларен приказ по бројот на освоени медали на „Купот на шампионите“. Нормално, ова не може да биде меродавно, бидејќи сите клубови на учествуваа на посочениот турнир. Сепак, сами може да направите слика за учеството и придонесот карате клубовите и за моменталната ситуација.

Табелите се прикажани врз основа на валидни податоци од организаторот на турнирот, кој се одржа во Подгорица.

Клубови кои се моментално опозицијата во кфрсм

По статистички податоци и по број на освоени медали во многу голема и недостижна предност се клубовите од моменталната опозиција , или така наречени опозициски карате клубови кои освоија дури  32 медали – 7 златни, 11 сребрени, 14 бронзени медали.

1.Макпетрол – 15 медали, 4 златни, 5 сребрени, 6 бронзени
2.Штип – 9 медали – 2 златни, 2 сребрени 5 бронзени
3.Кеикс – 3 медали – 1 златен, 1 сребрен , 1 бронзен
4.Ц. Димов – 2 медали – 2 сребрени
5.Ботини – 2 медали – 1 сребрен, 1 бронзен
6.Куштрими – 1 медал, 1 бронзен

Клубовите кои се позиционирани кон моментално раководство на КФРСМ,  имаше мноу помал учинок, односно освоени се 11 медали од кои 2 златни 1 сребрен и 8 бронзени медали.

Клубови на актуелната позиција во Македонското карате

1.Олимпик – 6 медали – 6 бронзени медали
2.Консуто – 1 медал бронзен
3.Кизаме – 3 медали – 1 златен, 1 сребрен и 1 бронзен
4.Спорт 94 – 1 медал златен

Вкупно 11 медали – 2 златни, 1 сребрен и 8 бронзени.

Во овој контекст за Кунсуто ќе бидеме со резрева, бидејќи можеби е и неутрален во сегашната состојба.

Ако кон ова се придодаде дека во возрасните категории на постари јуниори и сениори скоро сите освоени медали се на страна на опозицијата, се добива впечаток дека моменталното карате или квалитет во карате спортот, според резултатите на „Купот на шампионите“, е на страната на опозоцијата во КФРСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО