15 медали за каратистите на Макпетрол на „Купот на шампионите“ во Подгорица

Карате клубот Макпетрол со 13 спортисти освои 15 медали на Меѓународниот турнир „Куп на шампионите“, во Подгорица, Црна Гора.

Медалите се освоени во многу квалитетна конкуренција и претежно во сениорскиот дел од програмата, и тоа 4 златни, 6 сребрени и 5 бронзени.

Учество на турнирот земаа 626 спортисти од 59 клуба од 7 држави.

Медалите ги освоија следните спортисти:
1.Петар Заборски златен медал, сениори -75 кг
2.Ангела Мојсовска златен медал, сениорка +68 кг
3.Петар Спасеновски златен медал, сениори – 87 кг
4.Глигор Петков златен медал, сениори +84 кг
5.Давид Петков сребрен медал, сениор -67 кг
6.Викторија Јовановска, сребрен медал сениорки -61 кг
7.Стефан Стојановиќ, опен категорија сребрен медал
8.Стефан Стојановиќ У21 сребрен медал
9.Викторија Јовановска У21, сребрен медал -61 кг
10.Јована Мицовска  сребрен медал -59 кг Јуниорки
11.Витомир Трајковски сребрен медал , У21 медал -84 кг
12.Марија Петровска бронзен медал, сениорки -50 кг
13.Данило Божовиќ јуниор бронзен медал+76
14.Витомир Трајковски бронзен медал, сениори -84 кг
15.Марија Петровска бронзен медал У21 -50 кг

„Овој турнир во нашата периодизација имаше пред се контролен карактер, односно ова беше втора контрола пред најзначајните натпревари кои не очекуваат на крајот од месец септември.

Задоволен сум во целост од прикажаните борби и мотивираноста која ја покажаа нашите натпреварувачи. Контролата ја направивме во една извонредна конкуренција со многу квалитетни натпреварувачи од поголемиот број на држави од балканскиот регион. За да имаат што повеќе борби, помладите спортисти ги пријавивме и во конкуренција на У-21 и во сениорска конкуренција. Затоа одреден број од нив имаат и по два освоени медали.

Сега веќе многу точно можевме да ги видиме сите предности кои ги имаме но и недостатоците кои ги поправивме минатата недела и еден дел кој треба да ги поправиме во следниов временски период. Контролите се навремени и тоа непосредно пред двата најважни  настани кои се одржуваат на крајот од месец септември. За сениорите кои се студенти и се членови на универзитетската карате репрезентација на Македонија, ова беше една одлична контрола, бидејќи тие на 25 септември заминуваат за Турција, да земат учество на Светските универзитетски игри на боречки спортови кои ќе се одржат во Самсун, додека, пак, спортистите во младинска конкуренција имаат изборен турнир за обезбедување на статус репрезентативец за претстојното Светско првенство“, изјави тренерот Бошко Заборски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО