На денешен ден Шабан Трстена го освои златниот олимписки медал во Лос Анџелес

На денешен ден пред 37 години Шабан Третсена го освои златниот олимписки медал на Олмписките игри во Лос Анџелес во 1984 година.

„Денес, пред 37 години, првиот олимписки златен медал го освои едно младо момче од Скопје и тоа во Лос Анџелес 1984 година, каде што триумфално беше крената неговата златна олимписка рака.

На 01.01.1965 година се роди тоа младо момче во маалото Јаја-Паша во Чаир, на улицата која беше на еден неасфалтиран пат, полн со дупки исполнети со кал, што оди директно до куќата каде се роди Шабан Трстена. Тоа момче подоцна по 19 години стана најмлад олимписки шампион, рекорд на сите времиња во олимписката историја, од 1896 година до денес.

Можеби овој историски ден за повеќето луѓе не е толку важен, но за мене е важен, посебен, а сигурно е и за сите оние кои знаат да го вреднуваат тој единствен подвиг.

Навистина годините поминуваат брзо, но симболиката останува врежана во душата на секој олимписки шампион и тоа засекогаш.

Еден од тие олимписки шампиони бев и јас. И затоа се сеќавам на денешниот ден, точно пред 37 години, кога олимпискиот часовник почна да отчукува, за да го исполнам мојот сон од детството, ​да учествувам за првпат на Олимпијадата во Лос Анџелес и да станам олимписки шампион.

Се сеќавам како со нетрпение ги чекав да минат секоја секунда, секоја минута, секој ден и ноќ до долгоочекуваниот момент, најомилениот во мојот живот како спортист, што веќе не беше сон, туку стана реалност. Но, јас го дочекав подготвен и затоа успеав.

На 10 август 1984 година во Лос Анџелес, го остварив мојот најголем сон и на 19 -годишна возраст успеав да освојам златен олимписки медал.

А што се однесува до емоциите по кревањето на мојата златна рака како олимписки шампион, од голема радост во тие моменти моето спортско срце ми нареди да направам неколку акробатски елементи, возбудливи салта за да ги поздравам сите присутни во салата, кои беа околу 15 илјади гледачи од спортската арена „Anaheim Convention Centar Оlimpik”.

Тоа беше и поздрав до целото мое семејство, мојот град Скопје и мојата родна земја Македонија.

Салтото беше најмалку што можев на го направам, бидејќи доколку би имал можност, би летал на небото од неопишливата радост која ја чувствував во мојот спортски дух.

Морам да спомнам дека на пат кон Олимпијадата, отидов таму како европски шампион од Јенчепинг во 1984 година, а исто така имам учествувано 5 пати на најсилните меѓународни турнири, да се оценам себеси колку сум подготвен.

И на сите овие 5 турнири станав шампион со освоено прво место, а само еднаш бев втор.

Тоа беше патот до овој голем олимписки триумф, за што бев многу подготвен. Тренирав многу, многу пот ми излезе од моето тело за да стигнам до олимписката титула. Но навистина вредеше, бидејќи во нашиот живот постоеше само една цел, за која вложивме голем труд, заедно со двајца мои легендарни тренери, мојот починат тренер, легендата Хајруш Синани и мојот легендарен селектор и тренер Насе Насев. Тие имаа само една цел и една причина да го остварат сонот.

Ние бевме заедно 20 години во многу тешки моменти, но никогаш не се откажавме од мотивот дека еден ден и Ш.Т. може да стане олимписки шампион.

Мора да кажам дека тренирав секој ден по три пати, без луксузни услови и тоа не во спортски сали, туку тренирав во салите по ресторанти, каде што потта течеше како река.

Сега се уште сум најмладиот олимписки шампион во 125 години историја на Олимписките игри. Ова беше мојот најголем сон. Но, кога ќе размислам, слободно можам да кажам дека сум многу горд за ова постигнување кое секогаш ќе се памети во историјата на олимпизмот во целиот свет.

Но си реков и му се молам на Бога, нема да дозволам да ме удри славата во глава, затоа што сега сум олимписки шампион. Затоа реков дека мојот спортски живот не завршува тука, јас сум млад и сакам да освојам уште многу светски медали.

За мене нема застанување и уште од денеска ќе почнам да тренирам уште појако, понапорно, за да можам после четири години да бидам втор пат олимписки шампион.

Ветено – сторено од мојата борбена спорска душа ! Четири години подоцна, на Олимпијада во Сеул во 1988 година, повторно блеснав и стигнав до финалето и бев на пиедесталот, но овој пат, за жал, поради повредата на мојата нога го освоив сребрениот медал.

За мене тоа беше голема радост и гордост, за победите кои ги постигнав ми беа потребни подготовки во целиот циклус од четири години, за да ги победам 6-мина најдобри ѕвезди и борачи на светското борење од најсилните нации во овој спорт, како Русите, Иранците, Бугарите, Американаците, Турците. Тоа беше борба за живот, бидејќи секоја секунда и секој миг се боревме за олимпиското финале….

Мора да кажам дека Шампионот не се раѓа, туку станува шампион само со многу, многу силни тренинзи со голема волја, со борбеност, со многу жртви, исфрлајќи многу пот од телото.со голем фанатизам, тренирајќи секој час, дење и ноќе, на снег и дожд, само за да стане голем шампион.

Ово беше мојата тајна на успехот длабоко во мојата спортска душа! Тренинг и само тренинг! Одев прв, но последен го напуштав тренингот.

Еве овие мои сеќавања од мојата богата спорска кариера сакам да ги пренесам до сите млади спортисти. Избери спорт, пронајди се во него и посвети се на успехот, можеби ти си следниот голем шампион“, напиша на Фејсбук ШабанТрстена по повод годишнината од освојувањето на златниот медал на ОИ во Лос Анџелес.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО