Џо Роган: Илија Топурија одби реванш со Александар Волкановски на УФЦ 305

Според коментаторот Џо Роган, новопечениот шампион ИлИја Топурија ја одбил понудата за реванш со Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски во август на УФЦ 305.

Топурија, актуелниот неприкосновен шампион во перо категорија, беше предводник на УФЦ 298 претходно оваа година во првата шпампионска борба за промоцијата, постигнувајќи извонредна победа за да остане непоразен во борбата со Волкановски.

Додавајќи му го првиот пораз во дивизијата на родениот во Нов Јужен Велс, Топурија го заврши доминантното владеење на поранешниот број еден во дивизијата благодарение на победата со нокаут во втората рунда.

Спарен за одбрана на титулата против повеќекратниот бркач на титули Брајан Ортега, Топурија – барем според ветеранот на УФЦ Роган – го одби предложениот реванш со Волкановски на УФЦ 305 во август.

„Не знам со кого Илија Топурија сака да се бори следниот пат“, рече Џо Роган на Џо Еоган експириенс за време на интервјуто со поранешниот шампион во перо категорија Макс Холовеј. „Но, мислам – претпоставувам, се чувствува како шампион и може да ги определува потезите“.

„Знам дека ја одби таа борба во Перт на УФЦ 305 – реванш со Александар Волкановски“, објасни Роган.

Самиот Холовеј, кој го зацврсти своето барање за борба со Топурија, постигна спектакуларна победа над поранешниот привремен носител на титулата во лесна категорија Џастин Гејџи на УФЦ 300 – земајќи ја симболичната титула БМФ со нокаут во петтата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО