АктуелноМеѓународна сценаММА
МВП по првиот пораз се врати со нов атрактивен нокаут (ВИДЕО)


Откако во мај беше нокаутиран од Даглас Лима во полуфиналето на Гран-при Мајкл Пејџ (14-1) се врати во Белатор во Даблин.
32-годишниот Англичанец во главниот град на Република Ирска доби полесен противник за да се опорави од првиот пораз и се врати на победите со атрактивен потег.
„Веном“ во средината на првата рунда со летечко колено го нокаутира Ирецот Ричард Кили (3-2).



