Даниел Дубоа за 130 секунди го патосира Ганецот Тете

Даниел Дубоа забележа една од најбрзите победи во професионалната боксерска кариера. За само 130 секунди го растури Ганецот Ебинзер Тете во Ројал Алберт хол во Лондон. Тоа беше 13-та победа (12 со нокаут) за 22-годишниот талент во тешка категорија.

Повторно ја покажа својата импресивна левица и во првиот момент, кога се почувствува слабост кај Африканцот, го патосираше. По вториот нокаут, судијата реши да ја прекине средбата.

Досега Тете имаше 19 победи (16 со нокаут) на 19 меча.

По дуелот промоторот на Дубоа, Френк Ворен, објави дека младото момече ќе направи уште еден меч во декември, а следната година ќе се обиде да дојде до позицијата официјален кандидат за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО