Мунгуја 5.пат ја одбрани светската титула (ВИДЕО)

Хаиме Мунгуја (34-0, 27 КО) по пети пат ја одбрани титулата во полусредна категорија на ВБО.

Младата мексиканска ѕвезда во Карсон, Калифорнија, со прекина во четвртата рунда го победи Патрик Алоти (40-4, 30 КО).

 28-годишниот Ганец се најде двапати во нокдаун во третата рунда, а по промената во четвртата рунда се спушти на колено по што од неговиот агол ја прекинаа борбата.

22-годишниот Мунгуја го освои појасот во мај 2018 година исто така совладувајќи го со прекин во 4 рунда од Садам Али, кој ја освои титулата со победата против големиот борец од Порторико, Мигел Кото во последната борба од неговата кариера.

Мунгуја најави дека ова ќе биде неговата последна борба на 70 килограми и дека планира да се подигне во средна категорија.

https://www.youtube.com/watch?v=S1vplKbZiSQ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО