Мухамед Мокаев против Алекс Перез на УФЦ Вегас 87

Мухамед Мокаев се враќа за да се соочи со Алекс Перес.

Борбата меѓу двајцата ќе биде дел од картата на настанот УФЦ Вегас 87 кој ќе се одржи на 2 март. Нивниот меч ќе биде во мува категорија. Локацијата е Лас Вегас.

Мокаев има скор од 11-0-1 во ММА. Минатата година забележа две победи над Џафел Фиљо и Тим Елиот. Двете победи беа со завршница во 3. рунда. Мухамед победи 2 пати со нокаут и 6 пати со завршница. Има 5 победи под знамето на УФЦ и верува дека наскоро ќе стане шампион. Мокаев има скор од 23-0 во аматерски ММА борби.

Перез има 24-7 во ММА и е во серија од 2 порази. Неговата последна борба се одржа во јули 2022 година, притоа загуби од Алесандре Пантоја. Алекс победи 5 пати со нокаут и 7 пати со завршница. На крајот на 2021 година се бореше за титулата, но загуби од Дејвисон Фигуередо. Перез има 6 победи и 3 порази во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО