Му понудиле најмалку 100 милиони долари на Мајведер да не се откажува од боксот!

Flojd na jazinja odmora

Флојд Мејведер добил предлог од минимум 100 милиони долари, за да не се откажува од боксот. Американската ѕвезда веќе објави дека дуелот му со Андре Берт во сабота ќе биде последен во неговата кариера. Според гласините од телевизиската компанија „Шоутајм“, која долги години работи со боксерот, биле подготвени да напишат преголем чек.

„Навистина дојдоа кај мене со 9 -цифрена сума. Тоа се луди бројки, за да останам во спортот. Засега, се е во ред кај мене во однос на финансиите“, изјави Мејведер.

 Мејведер откри дека уште пред натпреварот со Пакијао му биле гарантирани минимум 127 милиони долари, без разлика какви ќе бидат приходите од средбата. Поради рекордните приходи износот беше многу поголем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО