МОК може да го признае самбото за олимписки спорт пред 2016 година

Aleksandar Zukov

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) може да го припзнае самбото за олимписки вид спорт уште во 2016 година.

Олимпискиот комитет на Русија работи исклучително сериозно по ова прашање. Тоа го изјави претседателот на Руската олимписка централа, Александар Жуков.

„Мислам дека ние се приближуваме до моментот кога самбото ќе биде признаено од МОК за олимписки спорт. Во последно време, руската и меѓународната федерација работат многу напорно во оваа насока. Се надевам дека следната година ќе успееме да го реализираме тоа. Потоа претстои процес кон вклучување на спортот во програмата на Олимписките игри“, рече уште Жуков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО