Мохамеди: Подготвувам изненадување за Ковалев

Mohamedi

Кандидатот за титулата во полутешката категорија на ИБФ, Наџиб Мохамеди, изјави дека подготвува нешто специјално за противникот – шампионот во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО, Сергеј Ковалев.

„Знам дека не сум толку познат во САД како Ковалев, но тоа не е проблем за мене. Единствено на што мислам и сум фокусиран се тренинзите. На 25 јули подготвувам вистинско изненадување за Ковалев, по кое секој ќе се зачуди. Тој е добар шампион, но како и сите други, тој е со две раце. Во оваа категорија сите боксери имаат вештина да го добијат мечот со само еден удар“.

Дуелот помеѓу Ковалев и Мохамеди ќе се одржи на 25 јули во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО