Лирија заинтересиранa за новите македонски борачи Аскербиев и Нуров, но…

Гајдаров, Нуров и Пешко
Гајдаров, Нуров и Пешко

За новопечените македонски борачи Лабазан Аскербиев (- 61 кг) и Магомедбаги Нуров (-91 кг) македонските клубови покажуваат интерес. Лирија сака да го види во своите редови Аскербиев, а ако Нуров не помине во Бучим, тогаш и тој ќе биде дел од тимот на скопјани.

Според Бетим Вренези, потпретседател на Федрацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) и претседател на Лирија, речиси ова е готова работа и дека сето тоа е направено во соработка со Могамед Ибрагимов, освојувачот на бронзениот медал од Олимписките игри во Сиднеј 2000 година.

Да потсетиме дека минатата недела на силниот турнир во борење слоноден стил „Али Алиев“ во Каспијск, Макачкала, во Русија, Нуров освои бронзен медал, а тренерот на Вардар, Љубиша Пешко, го претстави како борач на Вардар.

Дали е на повидок уште еден скандал?

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО