ММА борец почина по борба со соборец на Мек Грегор

Joao karvlajo

Португалскиот ММА борец, Жоаo Карвалјо, беше нокаутиран за време на мечот во три рунди против Чарли Ворд во Даблин изминатиот викенд.

20 минути по средбата Карвалјо се чувствувал лошо и бил однесен во болница, каде што се влошила неговата состојба

Денес беше потврдена веста дека борецот починал.

Шампионот на УФЦ, Конор Мек Грегор присуствуваше на настанот за да го поддржи соборецот Ворд и да го коментира исходот од дуелот.

„Соборецот Чарли добро се справи – двајцата направија голем меч, но неговиот противник доби многу удари.

Требаше порано да ја преѓинат средбата. Судијата мораше да реагира навреме“, рече Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО