Претседателот на Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ), Дејан Митровски – Урко и Сашо Поповски, генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет (МОК), денеска во Ниш имаа средба со претседателот на Свестката федерација за кик бокс (ВАКО) Борисав Пелевиќ.
Во неформалната средба станало збор за напредокот на македонскиот кик бокс потпомогнат од МОК и Светската федерација, како и за можноста МОК да лобира кик боксот да стане олимписки спорт.
„Следната недела претседателот на МОК, Васил Тупурковски, има официјална средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) д-р Томас Бах и шеикот Ал Сабах на која меѓу другото ќе се зборува и на оваа тема, како и за помошта на македонските спортисти и изградба на олимпискиот дом на МОК“, вели Митровски.
Ipon.mk/В.Д.