Тијаго Силва славеше во дебито за Глори (ВИДЕО)

Тијаго Силва успешно дебитираше за Глори на настанот во Њујорк.

Поранешниот полутешкаш на УФЦ со едногласна одлука на судиите победи уште еден ММА борец, Џон Кинг.

Во Њујорк за кик бокс организацијата дебитираше уште еден поранешен борец на УФЦ, Крис Камоци, кој со прекин по втората рунда го совлада Кајл Вајкхард.

Кевин ван Ноштранд ја освои привремената титула во перолесна категорија и го чека пресметка со Робин ван Росмален. Американецот со удар со колено во црниот дроб во првиот рунда го нокаутира Анвар Бојазаров, откако претходно се најде во нокадаун.

Роберт Томас го победи Вејн Берет и Мајк Лемер на патот до освојувањето на турнирот во средна категорија.

Аниса Мексен со едногласна одлука ја победи Тифани ван Соест и го освои појасот во бантам.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО