Митрион го победи Нелсон и се пласира во полуфиналето на ГП Белатор (ВИДЕО)

Мет Митрион (13-5) го победи Рој Нелсон (22-15) и се пласира во полуфиналето за Големата награда на Белтор.

„Митхед“ ги доби првите две рунди и успеа да ја преживее тешката трета во која се најде круцификс и да слави со мнозинска одлука на судиите – 29-28, 29-28, 28-28.

Така му се осевти на Нелсон за поразот со нокаут од 2012 година на УФЦ во финалето Ултмејт фајтер.

Во полуфиналето ќе се бори против победникот од мечот меѓу Рајан Бадер и Мухамед Лоуел.

Русинот Вадим Немков (9-2) со ниски удари (лоу кикови) во третата рунда го запре поранешниот шампион во полутешка категорија Лиам Мек Гери (12-3) и му нанесе уште еден последователен пораз.

Белатор 194, Анкасвил:

Мет Митрионе – Рој Нелсон (мнозиска одлука на судиите, 28-28, 29-28, 29-28)

Патрики Фреире – Дерек Кампос (ТКО, Р1)

Хедер Харди – Ана Хулатон (едногласна одлука на судиите, 29-28, 30-27, 30-27)

Вадим Немков – Лиам Мек Гери (ТКО, Р3)

https://youtu.be/YAEa7vDGcz8

https://youtu.be/GfbZXrJpb0U

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО