Александар Димовски – Димса спортист на Битола за 2017-та! (ФОТО)

 

Александар Димовски – Димса е избран за спортист на Битола за 2017 година.

Димса е тренер во Бокс и кик бокс клубот Енерџи и е репрезентативец на Македонија во кик бокс и првак,  а настапи и за Бокс клубот Пинк Пантер од Штип во Регионалната бокс лига, при што извојува победа, а на Државното првенство во Битола го освои првото место.

Еве како реагираше скромниот спортист на својата ФБ страница.

„Прво место, спортист на Битола за 2017 година. Признание, кое не знам дали го заслужувам или не, но знам дека бев пријатно изненаден, затоа што, искрено, не го очекував.

Сакам да и се заблагодарам на сите членови на Сојузот на спортови во Битола кои гласаа за мене и мислеа дека јас сум правилниот избор. Благодарност и до целокупното раководство на Општина Битола, а најмногу до човекот кој ме покани на оваа манифестација и му текна на мене – Методија Илиевски!

Би сакал ова да послужи како мотив за сите млади спортисти во нашата Општина да тренираат напорно, да работат и резултатите и соништата секако ќе се остварат“.

Второ пласирана е стрелачката Ана Ивановска, а на трето место е фудбалерот на ФК Пелистер, Гоце Тодоровски. Следуваат ракометарот на Еурофарм Работник, Игор Трајковски, а на петтото место се најдоа двете кошаркарки Теодора Кузмановска и Сара Спировска. Шесто пласирана е Јована Ѓорѓиовска фудбалерка на Топ гол, а седмопласиран е гимнастичарот Иван Крстевски. Осмо пласиран е Мартин Ивановски –стрелец на РЕК “Битола“, деветто пласирана е Симона Ѓоревска, а на последното  10 место се најде Мирко Додевски.

Во екипна конкуренција за најдобра сениорска екипа е прогласена екипата на ФК Пелистер, второпласирана е екипата на ЖФК Топ гол, а на трето место е екипата на стрелачкиот клуб РЕК “Битола“.

За најуспешна младиска екипа за 2017 година е прогласена  екипата на ЖФК Топ гол, а следуваат екипите на ОК Пелистер Волеј и кунг фун клубот Битола.За надежни спортисти на Битола за изминатата година се прогласени: Анета Јанкуловска, Христијан Котевски, Стефан Ѓуровски, Маријана Јоновска, Емилија Трајковска, Даниел Главевски, Симона Стојановска, Матеја Марковска, Леа Бошевска, Софија Славковска, Стефан Богичевиќ, Фросина Петковска, Дамјан Стојчев, Сара Поповска, Марија Марковска, Михаил Талевски, Елена Тасевска, Мила Гугучевска, Габи Гелевска и Андреа Миленковска.

Сојузот на спортови додели и неколку плакети, а на нив се најдоа имињата на Филип Кузмановски и Никола Митревски битолчани кои се најдоа во состав на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во ракомет во Хрватска.

РК Еурофарм Работник и ФК Пелистер добија плакети за претставување на битолскиот спорт на меѓународен план.

Плакета за битолчанец кој води македонска селекција доби тренерот на РК Пелистер, Борче Марковски, кој е селектор на младинската ракометна репрезентација.

Плакета за животно дело доби Марија Чурлевска.

За најдобар спортист од Сојузот на спортови на инвадизирани лица е прогласена Оливера Накова – Бикова, а пехарот и го додели Дејан Каевски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО