Мишел Переира за конфликтот со Нгану во хотелот: Имаше среќа што имав меч и не можев ништо да направам!

Мишел Переира, атракцијата на УФЦ во полусредна категорија, се најде во многу деликатна ситуација со актуелниот шампион во тешка категорија Френсис Нгану. Имено, Переира минатиот викенд ја прослави победата над Сантијаго Понзинибио во хотелот во кој престојуваше, а во алкохолизирана состојба направија врева што ги вознемири другите гости.

„Продолживме гласно да шетаме, се забавувавме. Гера пиеше без престан, сите се шегувавме и уживавме. Нашата соба беше веднаш до собата на Нгану. Бидејќи собата беше многу мала и бевме многу, некој ни предложи да седнеме во ходникот. Одеднаш видовме како доаѓа Нгану“, рече Переира.

Тој продолжи: „Дојде и рече дека е невозможно да се спие кога има толку врева. Праша како мислат дека ќе спие. Искрено, тогаш ми беше непријатно. Ако Нгану започне тепачка, што би му направил? Сите беа пијани, никој не ми помогна“.

Переира истакна дека проблемот не е во тоа што му пречела вревата, туку како Нгану се однесувал со нив: „Ме налути. За среќа бев „претепан“ од мечот и не можев ништо да направам. Не сакам ни да размислувам за тоа. Тој е скромен и добар карактер, зошто не можеше учтиво да не праша? Мора да бидете љубезни со луѓето“, заклучи тој.

Френсис не е единствениот борец со кој Переира се судри претходните денови. Мишел влезе во конфликт и со Хорхе Масвидал поради наводните пораки што и ги праќал на сопругата на Инстаграм. Веројатно на овој начин Переира се обидува да допре до пошироката публика и медиумското внимание, но дали ќе успее во тоа останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО