Мирко Филиповиќ донесе најхрабрата одлука во кариерата: Тоа е мангупски потег, но се заколнав дека нема да изгубам!

Мирко Филиповиќ направи големо интервју за хрватскиот портал Index.hr, во кое ги објасни неговите мотиви за уште едно враќање на борбите.

За Филиповиќ веќе е потврдено дека ќе се бори на новогодишната ноќ против 47-годишниот Цујоши Косака, но тоа нема да му биде проштална борба, туку таа ќе дојде за една година, а во меѓувреме, планира да направи уште една борба. Преговорите со Ризин беа долги, а откри како на крајот дошло до договор и која е вистинската причина за уште едно враќање. Мирко е свесен дека веќе неколку пати се опростуваше, мислејќи дека нема нешто да го повлече назад, но овој пат провладуваше она што го објаснил.

„По освојувањето на Големата награда на Ризин јасно кажав дека сакам да одработам проштална борба, но медиумите тоа го прикажуваат како продолжување на кариерата, иако станува збор за опростување. Да, идејата беше да направиме реванш и голем спектакл со Федор. Условот беше да го залечам коленото и да победам на ГП на Ризин. ’Рскавицата ме убиваше и пред Големата награда, но тој проблем го решив, се закрапив. Тогаш Федор ја договори средбата со Митрион. Мојот јапонски застапник како гостин на Белотара беше на тој меч во Њујорк и сакаше да го финализира договорот. Федор изгуби и тоа пропадна. Со Јапонците цело лето барав решение. Се разбира, во нивен интерес е да ме задржат колку што е можно подолго. Веќе многу пати најавив проштален меч, но борците често пати донесуваат такви одлуки и се враќаат по шест месеци, година или две. За некои мотивот се парите, а за некои адреналинот кој оди со сето тоа. Јас сум во таа втората категорија. Луѓето треба да разберат дека би сакал да се борам уште дваесет години. Тоа е она што го сакам. Оној кој ја сака својата работа, никогаш не оди на работа.

Ме молеа опротувањето да биде на ниво и да направам меч со победникот на тешкашкиот турнир следната година. Тоа е мангупски потег од моја страна, ќе ме дочека некој млад ѕвер, а јас ќе имам 45 години. Затоа морам да се одржувам. Ме замолија да го прифатам тоа и јас така направив, но во овие години не можам да направам толкава пауза. Затоа морам да одработам уште две борби“.

Што рече Мирко Филиповиќ и на кои уште прашања одговори може да прочитате на Idex.hr.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО