Две злата и една бронза за Шотокан акдемијата Македонија на Европското првенство (ФОТО)

Шотокан академијата Македонија на 9.Европското штокан првенство во Пардубице, Чешка, освои два златни и еден бронзен медал. Златните медали ги освоија машките ката тимови од 10 -11 и од 8-9 години, а женскиот ката тим од 12-13 се закити со бронза.

Машкиот ката тим од 10-11 години во состав Андреј Анастасов, Марин Пенџерковски и Зоран Смилевски во финалето го совлдаа тимот на Романија со 5-0.

Женскиот ката тим од 12-13 години се закити со бронзата откако во репасажот ја совлада екипата на Полска. Тамара Димоска, Јана Милановска и Мила Смилевска во првото коло славеа против Полска 4, а во наредното загубија од Драгон Б од Чешка.

Македонија освои уште еден златен медал во екипниот дел во кати, тоа му тргна од рака на ката тимот – машки од 8-9 години во состав Филип Христовски, Ахил Јакуповски и Лауно Петковски. Нашиот тим во финалето ја совлада екипата на Полска, а во полуфиналето беа подобри од чекиот тим.

Андреј Анастасов имаше добар настапи и во поединечна конкуренција во кати-поединечно од 12 -13 години, забележувајќи три победи по ред, а во  полуфиналето е поразен од Даниел Брејча од Чешка. Во репасажот за бронзата загуби исто така од Чех, Јакуб Фидлер.

Селекторот Шотокан акдемијата Македонија, Живко Тасевски, очекува нашите каратисти и утре да освојат медали.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО