Мир: Остатокот на светот го стигна Федор, така што не е светлосни години пред другите како пред 10 години

Белатор Гран при кој почнува следната година предизвикува носталгија.

Меѓу осумте учесници се и вистински легенди, поранешни прваци на ПРАЈД и УФЦ, Федор Емелијаненко, Френк Мир и Ремпејџ Џексон.

38-годишниот Мир во четвртфиналето оди на Федор. Иако 41-годишиот не е она што беше некогаш, Американецот и понатаму верува дека „Последниот император“ ќе му биде повеќе од достоен противник. Емелијаненко во последната борба во јуни загуби од Мет Митрион со нокаут за 74 секунди. Тоа беше неговата трета борба од враќањето по тригодишната пензија. По победата против Синг Џаидеп,  славеше со поделена одлука на судиите и над Фабио Малдонадо.

Мир е веројатно најдобриот аналитичар меѓу борците на ММА. Еве што рече, по многумина, најголемиот ММА-борец на сите времиња и неговата сегашна форма.

„Мислам дека тој се уште е исклучително опасен. Работеше се што и инаку го прави. Видовте со која брзина ја фрли десницата против Митрион. Разликата е во тоа што сите други станаа многу подобро. Овој Мет Митрион да се бореше во Прајд пред десет години би бил еден од нивните најдобри борци. Тогаш момците беа или добри боксери или борачи, џиу џицери. Немаше многу момци кои беа добри во сè. А Федор е. Тој е добар во се. Но, сега и тој се соочува со фактот дека сите други се добри во сè“.

„Денес се многу малку борци на највисоко ниво за кои може да се каже дека стојот и е нула или да не знае како да се работи на партер или да се бори. Веќе и не ги користиме тие термини. Секој има поинаква градба, поинакво размислување, личност и минатото. Како и во боксот – иако сите боксираат, не се борат сите на ист начин. Ригондо и Ломаченко имаат различни стилови, но и понатму и двајцата се боксери. Што се однесува за ММА, сега сите сме ММА мајстори. Веќе не постојат луѓе со големи дупки“.

„Да го потцениш Федор ќе биде лудачка грешка. Мислам дека тој се уште е одличен борец. Едноставно мислам дека остатокот на светот го стигна, така што не е светлосни години пред другите, како што беше пред 10 години“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО