Миочиќ пред мечот против Џонс: Ако ми го одземе тоа, ја загубив битката

Стипе Миочиќ наскоро ќе се врати во октагонот. Најдобриот тешкаш на сите времиња ќе се соочи со шампионот во тешка категорија Џон Џонс на 11 ноември во Њујорк на УФЦ 295.

Тоа ќе биде прва борба на американско-хрватскиот борец од март 2021 година, кога загуби од Френсис Нгану и го загуби појасот на УФЦ.

Противникот на Миочиќ ќе биде еден од најдобрите борци во историјата и многумина го анализираат мечот барајќи предности кај двата борци.

Во последното интервју Стипе се осврна на претстојната борба и неговиот следен противник.

„Нема да му дозволам да ја диктира борбата, јас ќе бидам тој што ќе ја води борбата. Ако ми го одземе тоа, ја изгубив битката. Но, ако го правам она што го сакам, моите шанси за победа се многу поголеми“, рече Стипе Миочиќ во подкастот „Белив ју ми“ и ги објасни заканите од боречкиот стил на Џонс:

„Тој е многу опасен и го прави она што најмалку го очекувате, па морам да се подготвам за се. Најмногу сакам еден-два удари и многу сум едноставен кога е тоа во прашање“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО