Руски промотер бара пари од навивачите за да се борат Минеев и Исмаилов

Познатиот руски промотер Камил Гаџиев се одлучи на оригинален потег.

Во последно време во руската ММА нема многу големи борби. Причината е што една од ѕвездите реши да ја прекине кариерата за да оди на фронтот. Владимир Минеев веќе речиси една година е надвор од игра за да ги брани руските интереси во војната со Украина.

Минеев во минатото имаше две пресметки со уште една голема ѕвезда Магомед Исмаилов. На еден од мечевите видовме нерешено, а друг заврши со победа на Владимир. Сега навивачите сакаат трилогија, сака и Гаџиев, но пари нема.

Ова е причината зошто тој смислил прилично чуден потег.

„Често слушаме од публиката дека би било одлично да се види оваа борба. Искуството на организаторот е способноста несовесно да се вклучи во настан кој може да испадне како економски неуспех. Решив да го преведам моето искуство во технолошки план.

Во блиска иднина ќе лансираме платформа која ќе собира депозити од гледачите за боксерска борба од осум рунди меѓу Магомед Исмаилов и Владимир Минеев. Ќе имаме 60 дена да собереме 45 милиони рубли. Ако ги собереме парите, тогаш во декември ќе го имаме еден од најголемите турнири во историјата.

Ако не собереме 45 милиони, тоа значи дека всушност оваа пресметка не е толку интересна. После тоа ги враќаме депозитите и размислуваме за нови големи предизвици!“, сподели Гаџиев на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО