Миочиќ: Никогаш не сум одбил борба, но јас не можам да ја контролирам глобалната пандемија

Стипе Миочиќ му одговори на својот шеф Дани Вајт.

Претседателот на УФЦ не беше задоволен од изјавата на неговиот шампион во тешка категорија во која тој даде до знаење дека во моментот не размислува за борба и дека не тренира за време на пандемијата, па затоа е посветен на својата работа како пожарникар.

Вајт соопшти дека борбите за титулата во тешка категорија ќе се одвиваат со него или без него.

„Сакам да се борам со ДК. Тоа ќе се случи и точка. Ќе им го дадам на моите обожаватели тоа што сакаат да го видат. Моето раководство работи на датумите со УФЦ. Во моментов го правам она што го советува гувернерот ДеВин и работам  како прва помош. Јас не можам да ја контролирам глобална пандемија“, напиша Миочиќ на социјалните медиуми.

„Според законот, мојот главен тренер не смее да ја отвори салата. Јас не сум над другите во однос на она што можам да го направам. Охајо е под такви наредби до 29 мај. Истата секунда кога ќе се отвори салата го почнувам трениг кампот. Едноставно. Никогаш не сум избегнал никого”.

„Никогаш не сум одбила борба и нема. Појасот број 6 ќе се појави наскоро“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО