Мајк Тајсон добива шанса да му се реваншира на Дени Вилијамс за поразот во 2004-та

Majк Тајсон со најавата дека ќе се врати во рингот ги возбуди љубителите на боксот.

Иако има 53 години тој и понатаму жестоко удира. Тоа го покажа и со видеото од тренингот кое го објави неодамна.

Сега се јави и првиот противник кој би се борел против Тајсон. Тоа е човекот кој го нокаутира во финишот од кариерата.

Британецот Дени Вилијамс (54-28) го нокаутира Тајсон во неговиот претпоследен меч во кариерата во 2004 година. Сега сака да му понуди реванш и повторно да влезе во ринг со него.

„Можам да потврдам дека моите агенти го контактираа Тајсон. Чекаме одговор, тоа е борба која дефинитивно ја сакам. Заинтересиран сум за нова борба“, изјави Вилијамс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО