Миочиќ: Ќе најдам начин за меч со Џошуа или Фјури

Шампионот во тешка категорија на УФЦ, Стипе Миочиќ е уверен во своите шанси да влезе во професионалниот боксерски ринг.

Американецот со хрватско потекло сака да сесретне со едно од најголемите имиња во тешка категорија, насочувајќи се кон светските шампиони Ентони Џошуа и Тајсон Фјури. Миочиќ повеќепати изрази желба да се испроба во квадратниот ринг, а сега изјави дека ќе најде начин да го оствари својот сон.

https://www.instagram.com/p/CEzBXhSJ-xd/?utm_source=ig_embed

„Би бил среќен да боксирам. Ако има шанса, ќе се сретнам со Џошуа или Фјури, или некој како нив. Би било супер. Погледнете, ќе најдам начин – секогаш го правам “, рече Миочиќ.

УФЦ шампионот го одреди и времето во кое ќе се обиде со бокс.

„Би го сторил тоа на којбило начин, се разбира, но би било подобро порано. Сите старееме, но јас сум во најдобра форма, одлично се снаоѓам. Треба само да разговарам со УФЦ и да дознаам што мислат за тоа. Знаете што се случува, прво само се разговора“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО