Миочиќ против Кормиер ќе оствари рекордна заработувачка

Стипе Миочиќ (18-2, 12-2 УФЦ) за четвртата одбрана на титулата во тешка категорија на УФЦ ќе оставри рекордна заработувачка.

Пожарникарот за борбата со Даниел Кормиер на УФЦ 226 ќе добие 750.000 долари основна плата.

Првакот во полутешка категорија и предизвикувач за титулата во тешка ќе добие половина милион долари.

Макс Холовеј мораше да ја откаже борбата против Брајан Ортега заради симптомите потрес на мозокот, а во тој меч требаше да заработи 350.000 долари, додека Ортега 250 илјади долари.

Френсис Нгану за првата борба по онаа за титулата со Миочиќ ќе добие 100.000 долари со можност за бонус за ппобеда со истата сума, додека платата на Дерик Луис е 130.000 + 130.000 во случај на победа.

Податоците беа објавени од Спортска комисија на Невада.

УФЦ 226 Плати:

Стипе Миочиќ 750.000 долари – Даниел Кормиер 500.000

Френсис Нгану: (100.000 + бонус од 100.000 долари за победа) – Дерик Луис: (130.000 + 130.000 долари за победа)

Мајкл Киеза (48.000 долари + 48.000) – Ентони Петис: (135.000 + 135.000 долари)

Гокхан Саки (85.000 + 55.000 долари) – Калил Рунтри (19.000 + 19.000)

Јури Хол: (48.000 + 48.000 долари) – Пауло Коста (55.000 + 55.000 долари)

Пол Фелдер (46.000 + 46.000 долари) – Мајк Пери (40.000 + 40.000 долари)

Рафаел Асунџао (70.000 + 60.000 долари) – Роб Фонт (33.000 + 33.000)

Кертис Милендер (15.000 + 15.000) – Макс Грифин (20.000 + 20.000 долари)

Даниел Хукер (30.000 + 30.000 долари) – Гилберт Барнс (31.000 + 31.000 долари)

Ландон Ваната (25.000 + 25.000 долари) – Дракар Клосе (22.000 + 22.000 долари)

Џејми Мојл (12.000 + 12.000) – Емили Витмире (10.000 долари + 10.000)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО