Рико Верховен го обвини Бадр Хари за измама и симулација

Прославениот шампион во тешка категорија Рико Верховен се сретна со легендарниот Бадр Хари на Глори 36 во Оберхаузен во 2016 година. Сите очекуваа оваа битка да биде многу интересна, но, за жал, заврши на најнепосакуваниот начин со повредата на Бадр Хари во втората рунда.

И додека сите со нетрпение го чекаме реваншот, Верховен го обвини Хари за мамење и симулација.

„Кога се случи тоа со повредата, не знаев што се случува и се прашував дали сака да се бори или не сака. За мене сѐ уште е чудно, ако ја проверите битката во првите 5 секунди, тој гледа во левата рака, но тогаш го забележа тоа и почна да гледа во десната рака. Сè уште не можам да објаснам што се случи и гледајќи ги видео снимките не видов каде си ја скршил раката.

Очигледно почувствува дека притисок се зголемува, бидејќи се заглави во рингот и беше јасно дека не може да издржи до крајот на третата рунда. За мене, тој симулираше и намерно се отакажа. Го гледав тоа илјада пати, прво ја гледа левата рака а потоа сфаќа и почнува да гледа во десната рака. Зошто, по ѓаволите, ќе ја гледа раката што не е скршена, а потоа кога ќе отиде во аголот, ќе ја гледа скршената рака.

Целата таа ситуација е чудна. Можеби и да бил повреден, но замене тој се откажа“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО