Милошевски додели благодарница на македонскиот конзулат во Чикаго

Во четвртокот, нашиот светски карате судија Дејан Милошевски го посети македонскиот конзулат во Чикаго за да додели благодарници на Петрит Муслиу, македонскиот конзул и вицеконзулот Срѓан Хаџи-Николов.

„Во 2021 година, по станувањето државен карате шампион на САД и отварањето на својот клуб, Милошевски маршал aртс, бев поканет на прием во конзулатот. На состанокот со конзулот и вицеконзулот разговаравме за моите успеси и планови, тогаш добив ветување за нивната континуирана поддршка во САД. Во 2023 година ми беше доделена титулата македонски карате амбасадор, што за мене е историски момент, бидејќи е прва титула од ваков тип  во историјата на македонското карате, а ја добив токму во македонскиот конзулат во Чикаго. За ова признание сум бескрајно благодарен до конзулатот, до мојата фамилија, моите ученици и нивните родители, како и на моите пријатели за нивната непрекината поддршка на моето карате патување“, вели Дејан Милошевски.

Милошевски маршал артс постојано постигнува резултати и докажува дека Македонија има за што да биде горда и на американскиот континент. Во 2023 година Дејан беше избран меѓу топ 18 судии во САД и беше дел од тимот за избор на американската карате репрезентација. ММА, според бројот на медали, беше рангирана на 9-то место од 30 клубови на регионалниот шампионат. Оваа година, клубот беше претставен од еден од неговите ученици во Македонија, каде освои бронзен медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО